Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Можни нови санкции за Русија

Меркел: Можни нови санкции за Русија

Ангела Меркел германската канцеларка денеска во Киев изјави дека не може да ја исклучи можноста, поради украинската криза, кон Русија ќе бидат воведени нови санкции, пишуваат српски медиуми.

Таа исто така апелираше и на билатерален прекин на огнот и поефикасна контрола на границата, што би придонело за завршување на конфликтот во источниот дел на Украина.

Канцеларката исто така вети и продолжување на помошта за проевропските власти во Украина, додавајќи оти територијалниот интегритет на земјата е од пресудна важност.

- Значењето на мојата посета е во пораката дека германската Влада верува оти територијалниот интегритет на Украина е од пресудна важност, изјави Меркел по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Тој истакна дека Киев нема да го жртвува својот суверенитет за мир.

- Дојде време за мир во Донбас. Заедно со нашите европски партнери и целиот свет се ќе направиме да дојде до мир, но не по цена на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина, посочи Порошенко.

Меркел повторно ја повика Москва да се ангажира за постигнување на мировен план со Владата во Киев.

- За планот да биде успеше потребно е да го применуваат двете страни. Мирот не можете сами да го постигнете. Се надевам дека преговорите со Русија ќе бидат успешни. Планот е на маса, а сега мора да уследи акција, истакна германската канцеларка.

Слично

Поврзани вести