Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел кон бегалците: Следете ги нашите закони, нема да трпиме долгови заради вас

Меркел кон бегалците: Следете ги нашите закони, нема да трпиме долгови заради вас

Германскиот канцелар Ангела Меркел смета дека бегалците кои пристигнуваат во нејзината земја треба да гo почитуваат локалниот начин на живот и да посетуваат курсеви по интеграција.

„Од луѓето кои сакаат од нас заштита и азил, јас очекувам отвореност кон нашата земја и нашиот начин на живот, а исто така јас очекувам почитување на нашите закони. Оној кои има перспектива да остане, има право да посетува курс за интеграција кој вклучува 600 часа јазични лекции, тоа исто така треба да се има предвид“ истакна Меркел во интервју во денешниот број на весникот „Бил дадам Зонтаг“.

Во исто време таа остро ја критикува партијата „Алтернатива за Германија“ (AfG), која се залага против миграционата политика на Меркел.

„Тоа не е партија која го сплотува општеството или нуди соодветни решенија на сегашните проблеми, таа сее предрасуди и разделува“, истакна канцеларката.

Следната недела, 13 март, во три провинции ќе се одржат избори за локални парламенти.

Според анкетите евроскептиците имаат добри шанси за прв пат во историјата да влезат во регионалните парламенти.

Германија нема намера да се откаже од бездефицитниот буџет поради приливот на бегалци, изјави Меркел.

Буџет без нови долгови е погоден за земјите со населението кое старее, ние се стремиме кон сличен буџет заради идните генерации, истакна Меркел.

Бездефицитниот буџет е една од клучните цели на сегашната владејачка коалиција во Германија.

Оваа цел беше постигната во 2015 година, а и во тековната 2016 и покрај огромниот прилив на мигранти во земјата.

Меркел повеќепати изјавувал дека отсуството на задолженост е инвестиција во новите генерации. Освен тоа таа вети дека нејзината влада нема да ги крева даноците заради миграциската криза.

Како што веќе беше соопштено во минатата година во Германија пристигнаа над 1 милион бегалци.

Слично

Поврзани вести