Меркeл:Кој се плаши од бегалците, да се запознае со нив
Германскaта канцеларка Ангела Меркел советува сите кои се плашат од бегалците, лично да се запознаат со нив.
Таа вели дека мигрантите имаат свои проблеми и надежи.
„Препорачувам секој кој се плаши, ако има можност, само лично да се запознае со човек кој избегал кај нас. Тоа се луѓе кои преживеале многу и настрадале. Се разбира, ние во Европа предоцна видовме колку неподносливо станало во нивните земји, луѓето не гледаа друг излез освен да ја остават својата судбина во рацете на шверцерите“- изјави Меркел.
Таа изрази уверување дека сите социјални државни програми ќе бидат продолжени за соодветните групи население, и покрај постоењето на значителен број мигранти.
Со овие свои ставови Меркел го предизвика гневот на многу европски политичари. Чешкиот претседател Милош Земан ја критикуваше во февруари и рече дека неговата земја нема да биде како Германија. Според него, грешка е што Меркел ги покани бегалците во нејзината земја.
