Меркел: Кипар може да смета на европската солидарност
Кипар сеуште останува главна вест во светските медиуми, а денеска и германската канцеларка Ангела Меркел изрази задоволство од усвојувањето на спасувачкиот план за Кипар, нагласувајќи дека со негова помош земјата ќе избегне банкрот.
Според Меркел, постигнатото решение е правилно и пренесува одговорност врз сите, кои помогнале за создавање на проблемот, а посочи и дека е задоволна од правичната распределба на товарот. Според неа од една страна одговорност треба да земат банките, како и Кипар преку дејствија за приватизација, структурни реформи и зголемување на даноците.
„Од друга страна се покажа дека Кипар може да смета на европска солидарност. Дека ЕУ планира да го поддржи Кипар на тешкиот пат во годините што следат“, нагласи Меркел.
