Меркел ќе го посети бегалскиот камп во Германија
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе го посети денеска бегалскиот центар во градот Хаиденау, против чие отворање неонацисти организираа протести во текот на викендот.
„Канцеларката ќе разговара со бегалците, волонтерите и чуварите“, изјавиле од кабинетот на канцеларката.
Во понеделникот Меркел нагло ги осуди луѓето кои протестираа со неонацистите и локални екстремисти, кои сакаа да го блокираат центарот, подготвен за прием на бегалци, кои веќе се сместени таму. Во судирите кои траеја два дена беа повредени 30 полицајци.
Во меѓувреме, во градот Науен, провинција Бранденбург, ноќеска изгорела локалната палата на спортот, која исто така мораше да прифати бегалци. Полицијата тврди дека е малку веројатна верзијата за техничка неисправност на електросистемот.
