МЕРКЕЛ ЈА ЗАПЕЧАТИ СУДБИНАТА НА БРИТАНИЈА: Нема враќање во ЕУ!
Лидерите на Европската унија, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел рекле во Брисел дека за Велика Британија нема веќе враќање во членството на Европската унија.
Британската влада најпрво мора официјално да ја извести Европската унија за напуштање на членството за да може да се покрене постапка на правно исклучување на Велика Британија од Унијата и преговори за идните односи ЕУ-Британија како трета, земја.
Тоа се наведува во подготвениот завршен документ на заседанието на 27 шефови на држави или влади на ЕУ кои денес, без присуство на британскиот премиер Дејвид Камерон, темелно ги разгледуваа сите последици од одлуката на британските граѓани на референдумот за излез од Унијата, одржан на 23 јуни.
Европскиот парламент побара од Лондон што поскоро да покрене постапка на „раздолжување“ со Унијата врз основа на член 50. ЕУ преговара од Лисабон, а повеќе лидери на ЕУ, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел посочиле дека резултатот од британскиот референдум не може да се промени и дека за Велика Британија веќе нема враќање во членството на Унијата.
Тоа бил и одговор на тврдењето на британските политички сили и американскиот државен секретар Џон Кери дека би можело да се случи Велика Британија сепак да не го покрене член 50 од основниот акт на Унијата и дека можеби со нов референдум ќе се издејствува останување во членството на ЕУ.
Во нацртот на заклучокот од дводневниот самит на ЕУ се подвлекува дека „не може да има никакви преговори“ меѓу ЕУ и Велика Британија додека Владата во Лондон официјално не извести и покрене постапка за излез од членството на Унијата, а тоа се очекува во почетокот на септември кога е најавено дека на власт ќе дојде нова британска влада, составена од поддржувачите на Брегзит.
Водачите на 27-члената Унија нагласуваат дека е „пожелно тоа да се случи и да се избегне подолг период на неизвесност“ и се додава дека Велика Британија се додека не го напушти членството на ЕУ ќе ги ужива сите права и обврски внатре во ЕУ.
Во завршниот документ од самитот на ЕУ се изразува „длабоко незадоволство“ поради исходот од британскиот референдум и се нагласува „решеност да се соочат со сите тешкотии кои би произлегле од новонастанатата ситуација“.
„Решени сме да останеме обединети и да дејствуваме во рамки на ЕУ за да се прилагоидиме на предизвиците на 21 век и да најдеме решение во согласност со нашите нации и народи“, истакнуваат лидерите на ЕУ.
Tие ја нагласуваат потребата да се направи многу повеќе и брзо за да се излезе во пресрет на очекувањата на граѓаните кога се работи за „безбедноста, напредокот и изгледите за подобра иднина...мора да дејствуваме во интерес на младите“.
Водачите на ЕУ наведуваат дека ќе пристапат до „потребно преиспитување на политиката за иднината на Унијата“ во септември во Братислава.
Останува да се види дали тоа ќе значи не само економски и инвестициони поттикнувања на економскиот раст и вработување, како јакнење на безбедноста, намалување на тероризмот и илегалната миграција, како најголеми грижи на граѓаните, туку и затегнување на редовите најмногу околу еврозоната за оние членки на ЕУ кои тежат кон побрза интеграција.
Тоа лидерите на повеќе членки го предочија како извесност, нагласувајќи дека тие кои сакаат повеќе да се обединат на тоа имаат право и основен акт, со Договор од Лисабон.
