Меркел ja повика Европа да го сподели бремето со Турција
Анкара постигнала целосна или речиси целосна реализација на 35 од 72-те услови на ЕУ за укинување на визите.
Германската канцеларка, Ангела Меркел ја повика Европа да го „сподели товарот" со Турција, во однос на сириските бегалци.
„Јас треба повторно да посочам дека Турција, со 75 милиони граѓани, прифатила околу 2,7 милиони сириски бегалци. А Европската унија, со нејзините 500 милиони граѓани, веројатно досега прифатил како 1 милиони“ - рече Меркел.
Во меѓувреме стана јасно дека Анкара ги исполнила помалку од половина од барањата на Европската унија, за воведување на безвизен режим на турските граѓани.
Улогата на Турција е клучна за надминување на бегалската криза во ЕУ. Веќе неколку пати од Анкара навестија дека ако визите не бидат укинати до летото, бегалски поток од Сирија може повторно да тргне кон Европа.
