Меркел ја обвини Русија дека го крши меѓународното право и го загрозува мирот во Европа
Германската канцеларка Ангела Меркел остро ја искритикува Русија денеска во Бундестагот, и обвинувајќи ја Москва дека не го почитува интегралниот интигритет на Украина, рекла дека „руската анексија на Крим“ не може да се оправда со ниедно сретство.
„Целта е суверена Украина, која за својата иднина ќе одлучува сам“, изјавила таа. Исто така рекла дека и директно и индиректното учество на Русија во борбите во Доњецк на истокот од Украина не може да се правда и ја обвинила Русија дека со својата политика го „крши меѓународното право и го доведеува во прашање европскиот мировен поредок“.
Меркел во генералната дебата за германскиот буџет, ги отфрлила критиките дека Европа недоволно ги земала предвид руските придобивки поради прговорите за Спогодбата за асоцијацијата на Украина и Европската унија и рекла дека таа за тоа со рускиот претседател Владимир Путин разговарала и секогаш појаснувала дека не се работи за тоа Украина да сврти грб на Русија и потоа едноставо да се сврти кон ЕУ.
Таа индиректно се обидела и да противречи на влиајнието, создадено во германската јавност за тоа дека постојат во рамки на германската влада диференци за германската политика кон Русија и разликите помеѓу неа и шефот на дипломатијата Фран Валтер Штајмаер, го коментираат германските медиуми нејзиниот настап во Бундестагот.
Меркел, имено го пофалила Штајмаер за неговите дипломатски напори.
