Меркел: Имигрантите од Балканот ќе бидат враќани
Во Германија пристигнуваат многу луѓе од сигурните балкански држави. Тие ќе мора да се вратат дома многу брзо, ако немаат причина за добивање на статус на бегалец, со тоа што речиси сите немаат причина за добивање на таков.
Тоа го изјавила германската канцеларка Ангела Меркел за локалните медиуми. Таа појаснила дека нема законски ограничувања кога станува збор за лицата кои бегаат од политичкото гонење и кои Германија може да ги прифати. Меркел сепак повтори дека луѓето кои немаат право на азил, треба многу брзо да се вратат дома.
На прашањето „годишно колку луѓе може да прифати Германија“, Меркел одговорила дека не може да изнесува конкретни бројки.
„Главната цел и право на азил за политички прогонетите лица нема горна граница, што се однесува за луѓето кои доаѓаат кај нас, бегајќи од пеколот на граѓанската војна“, додала уште германската канцеларка.
Потсетуваме дека од почетокот на оваа година десетици илјади косовски Албанци побараа азил во Западна Европа пред се во Германија. Тие бегаат главно од економски причини. Невработеноста во Косово е меѓу највисоките во Европа.
