Меркел: Имигрантите ќе ја сменат Германија кон подобро
Германија ќе се промени кон подобро од масовниот прилив на имигранти. Тоа го изјавила денеска канцеларката Ангела Меркел. Таа вети дека ќе работи за да може промените да бидат позитивни, и верува дека тоа во што е можно, пренесе „Франс прес“.
Зборувајќи за „емоционалниот потресен викенд“, кога во Германија пристигнаа околу 20 000 бегалци, канцеларката изразила задоволство дека „Германија стана земја со која луѓето се дружат“.
Таа истакнала дека Германија ќе им даде заштита на оние кои имаат потреба од неа, но и оние кои немаат шанса за добивање на азил, ќе треба да се вратат брзо во своите домови, забележуваат медиумите.
Изразувајќи уште еднаш верување дека нејзината земја ќе може да се сретне и интегрира со пристигнувањето на илјадници бегалци, Меркел повика на напори од страна на ЕУ. „Нема да се справиме без европска солидарност“, истакнала таа.
„Не може некои земји да велат: Немаме ништо со тоа“, изјавила Меркел. Таа сепак изрази надеж дека ситуацијата ќе се промени.
„Германија, Австрија и Шведска не можат да бидат единствените земји кои примаат бегалци“, додаде на истата прес-конференција заменик-канцеларката и министер за економија Зигмар Габриел од СПД.
Берлин сака и да ги забрза процедурите за разгледување на барањата за азил, да го ревидира системот за парична помош на барањето азил и да ги насочи средствата предвидени за помош кон спречување на миграцијата. Владата се надева дека до крајот на месецот ќе ги претстави за дискусија соодветните закони, кои ќе бидат запишани во октомври.
