Меркел им „објави војна“ на невакцинираните?
Германската канцеларка Ангела Меркел најави остри мерки против невакцинираните граѓани.
Германија мора да ја забрза кампањата за вакцинација за да се избегне преоптоварување на здравствениот систем. Ваква порака денеска упати Меркел по разговорите за пандемијата со водачите на 16 германски провинции.
„Лошата вест е дека темпото на вакцинација значително забави. Се надевам дека повторно ќе го забрзаме по паузата“, рече Меркел.
Германија ќе ги укине субвенциите за бесплатни тестови за коронавирус од 11 октомври и дека ќе бара од граѓаните кои сакаат да одат на јавни места да се вакцинираат, да имаат негативен резултат на тест за ковид или потврда дека прележале коронавирусот.
Слично
