Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел и Оланд за миграциска криза во ЕП

Меркел и Оланд за миграциска криза во ЕП

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе дадат денес заедничка изјава за ЕП во Стразбур, посветена на миграциската криза во Европа. Според аналитичарите настанот во овој формат е историски од една страна, бидејќи двајцата лидери ќе разговараат за предизвиците со кои се соочува Стариот континент.

Од друга страна, бидејќи се случува неколку дена откако Бундесрепубликата одбележа годишнината од падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија во ноември 1990 година.

Историска посета во историски тешки времиња. Така, претседателот на ЕП, Мартин Шулц го нарече претстојниот настан. Според него ЕУ се соочува со огромни предизвици и бара силна посветеност од своите лидери.

Последното вакво заедничко обраќање на лидерите на Германија и Франција пред Европскиот парламент во Стразбур имаа канцеларот Хелмут Кол и францускиот претседател Франсоа Митеран на 22 ноември 1989 година. Во фокусот на изјавите ќе биде бегалската криза во Европа, поттикната од континуираната  војна во Сирија која трае повеќе од 4 години .

Миграциската инвазија на Стариот континент предизвика поделеност помеѓу 28-те земји-членки на заедницата и ги принуди некои од државите да воведат гранична контрола и потсети на времињата на поделба од Железната завеса, забележуваат агенциите.

Во меѓувреме продолжуваат инцидентите во бегалските кампови во Германија. Пет лица беа повредени во тепачка помеѓу 60 Авганистанци и Албанци во засолниште за барателите на азил во Хамбург.

Слично

Поврзани вести