Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел и Оланд побараа од Путин да го почитува Минскиот договор

Меркел и Оланд побараа од Путин да го почитува Минскиот договор

Германскaта канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд разговарале во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Украина и се обединиле околу настојувањето да се почитува Минскиот договор, пренесува „Ројтерс“. Тоа го истакнале и од прес-центарот на францускиот шеф на државата.

Двајцата западни лидери побарале од Путин резултати од четирите работни групи кои се наоѓаат таму и докази за прекин на огнот и повлекување на оружјето.

Се очекува на 10 јуни во Париз да се одржи средба, за време на која ќе се разгледа дали се почитува или не договореното во февруари.

Потсетуваме дека и покрај тоа што во Минск имаше договор за запирање на огнот, и двете страни во конфликтот продолжуваат да го кршат договорот и меѓусебно се обвинуваат за тоа. Русија, пак, е обвинувана од Западот дека ги поддржува и вооружува проруските сепаратисти.

Слично

Поврзани вести