Меркел и Оланд му се заканија на Путин
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд и се заканија на Русија дека ќе сноси последици, доколку на 25 мај не се одржат планираните избори во Украина.
„Неуспехот да се одржат претседателските избори дополнително ќе ја дестабилизира земјата. Франција и Германија оценуваат дека во тој случај треба да има одредени последици, во согласност со одлуката на Европскиот совет од 6 март“, се наведува во заедничкото соопштение на двајцата европски лидери по неформалниот состанок во Штразлунд, Германија.
Германската канцеларка и францускиот претседател оценија дека референдумите кои за утре ги подготвуваат претставници на проруските сили на истокот на Украина се „незаконски“. Истовремено, Меркел и Оланд апелираа до Москва „видливо“ да го намали степенот на готовност на руските војници на границата со Украина. Но, апелираа и до Киев да не спроведува „офанзивни операции“ против проруските сепаратисти пред одржувањето на претседателските избори, закажани за 25 мај.
„Украинските безбедносни сили мора да се воздржат од офанзивни акции пред избори. Легитимната употреба на сила со цел заштита на граѓаните и инфраструктурата мора да биде пропорционална“, се наведува во соопштението на Меркел и Оланд.
Слично
