Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел и Оланд го повикаа Путин да инсистира за примирје во Сирија

Меркел и Оланд го повикаа Путин да инсистира за примирје во Сирија

Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд го повикаа по телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин да инсистира на прекин на огнот во Сирија. 

Тоа го соопштуваат извори од француското претседателство, пренесуваат светските медиуми.

Оланд побарал од Путин воените дејствија да бидат прекинати и да биде доставена хуманитарна помош, а канцеларката Меркел целосно го поддржала. 

Телефонскиот разговор беше одржан денес откако Путин ја откажа посетата на Париз поради Сирија.

Друга тема на разговорот била подготовката за средба на највисоко ниво на „нормандската четворка“.

Слично

Поврзани вести