Меркел го повика Западот да не губи надеж околу Украина
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го повика Западот да не губи надеж за тоа што може да се нарече долготрајна борба со Русија околу Украина и истакнала дека не смее да се дозволи стар начин на размислување заснован врз кршење на меѓународното право да преовладува.
Руската анексија на Крим во март „го доведе во прашање целосниот мировен поредок во Европа и се продолжила така што Русија влијае на дестабилизацијата на истокот на Украина“, рекла Меркел во Сиднеј после самитот на 520 во Бризбејн.
-Ние мислевме дека 25 години после падот на Берлинскиот ѕид, после завршувањето на Студената војна, после завршувањето на поделбата на Европа и завршувањето на поделбата на светот на два блока, нешто како ова не може да се случи во Европа - рекла Меркел.
Не смее да се дозволи стар начин на размислување, заснован врз теории на влијание, каде доаѓа до кршење на меѓународниот закон на преовладување и јас сум убедена нема да преовладее, порача Меркел. Според податоците на Обединетите нации, во судирите помеѓу украинските сили и проруските активисти кои траат веќе седум месеци на истокот од Украина, загинале повеќе од 4100 лица.
