Меркел го потцени унгарскиот референдум за бегалците
Германската канцеларка Ангела Меркел го минимизираше значењето на најавениот за 2 октомври во Унгарија референдум, за утврдени квоти од ЕУ за прием на бегалци.
„Не очекувам никаква промена од сегашната ситуација"- изјави Меркел на заедничката прес-конференција во Берлин со аргентински претседател Маурисио Макри.
Таа предвидува дека референдумот нема да го промени ставот на Унгарија за примање на бегалци.
Унгарскиот претседател, Јанош Адер го закажа за 2 октомври иницираниот од Владата референдум на кој граѓаните на земјата ќе треба да кажат дали ги поддржуваат задолжителни квоти.
Премиерот конзервативец, Виктор Орбан во февруари побара референдум за прифаќање на бегалци и повика Унгарците да гласаат со "не", незадоволен дека ЕУ го одзема правото на Унгарија да решава за ова прашање.
