Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел го објави документот како доказ дека се вакцинираше со АстраЗенека

Меркел го објави документот како доказ дека се вакцинираше со АстраЗенека

Германската канцеларка Ангела Меркел го објави документот на надлежните здравствени власти издаден по вакцинирањето со АстраЗенека против Ковид-19.

Во нејзиниот жолт документ за вакцинации стои дека е примена на 16 април 2021. На Твитер, на профилот на портпаролот на владата Штефен Зајберт, покрај оваа фотографија, уште се вели: „Се радувам што денес ја добив првата доза на АстраЗенека. Им благодарам на сите кои се ангажираат во кампањата на вакцинација и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучно за сузбивање на пандемијата“.

АстраЗенека во Германија се дава на лицата над 60 години, а со ова Меркел испрати сигнал дека и натаму верува во оваа вакцина.


Слично

Поврзани вести