Меркел: Германската влада нема да ги зголеми даноците поради бегалците
Германската влада нема да ги зголеми даноците, поради драстичното зголемување на трошоците за бегалци, кои продолжуваат да пристигнуваат во Германија.
Ова го соопшти канцеларката Ангела Меркел во интервју за германскиот "Билд", извадоци кои беа објавени денес на електронската верзија на таблоидот
Запрашана дали е подготвена да каже дека зголемување на даноците, поради миграциската криза, нема да има, канцеларката категорично изјави: "Да, дефинитивно".
Германија се соочува со огромниот прилив на имигранти, особено од Сирија и Авганистан. Според различни проценки до крајот на годината во земјата ќе влезат над 800 000 луѓе. Други очекуваат приливот да достигне 1,3 милиони луѓе, што е неколку пати поголема од првичните прогнози
Слично
