Меркел: Германија не може да се справи сама со имигрантите
Европа треба да ја подели одговорноста за справувањето со масовната имиграција, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел, предупредувајќи дека нејзината земја не може да биде засолниште на оние кои се селат само од економски причини.
„Германија сака да помогне. Но, тоа не е предизвик само за Германија, тоа е за цела Европа“, изјавила Меркел на синдикално собирање во Лајпциг. „Европа треба да дејствува заедно и да ја преземе одговорноста. Германија не може да е рамо до рамо во оваа задача сама“, додала Меркел.
Канцеларката истакнала дека Германија сака да предложи азил на оние кои имаат потреба од тоа, но оние кои доаѓаат од други причини, на пример економски, немаат изгледи за да останат.
„Ние сме голема земја, ние сме силна страна. Но да се смета дека ние сами можеме да ги решиме сите социјални проблеми на светот, не е реално“, истакнала уште Меркел.
Во исто време на прес-конференција во мароканскиот град Тангер францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил, цитиран од агенциите, дека ниту една европска земја не може да го одврати усвојувањето на бегалците.
Зборувајќи за распределбата на пристигнатите бегалци во Европа, тој истакнал дека оваа постапка „треба да се спроведува од сите европски земји“. „Никој не може да отстапи од тоа, во спротивно нема да припаѓа на едно општество базирано на вредности и принципи“, истакнал Оланд.
Се очекува прашањето за распределбата на 120 000 бегалци во земјите од Унијата да се разговара на 22 септември во Брисел, каде ќе се одржи Совет на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи.
