Меркел: Германија го има рецептот за надминување на кризата
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјите на ЕУ мора да го следат примерот на Германија во стегањето на буџетот и реформите на пазарот на трудот, за да го повратат растот.
Додека европските лидери се обидуваат да излезат од рецесија и да се изборат со рекордната невработеност, Меркел ги пофали напорите на Германија во задржувањето на стабилноста на економијата во текот на кризата, наведувајќи дека 17 членки на еврозоната мора да го задржат рецептот на буџетската дисциплина и развивањето на конкурентноста.
„Во голем интерес на Германија е да направи се, да можат да стапат на сила структурните реформи и буџетската дисциплина во другите земји “изјави Меркел.
Слично
