Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Европа треба да прекине со нелегалната миграција

Меркел: Европа треба да прекине со нелегалната миграција

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека запирање на протокот на илегални мигранти треба да биде цел на земјите од Европа, кои успеале да постигнат напредок по тоа прашање.

Ова го објави таа за време на денешната средба за миграцијата преку Балканскиот пат во Виена.

„Ние треба да се стремиме кон максимален прекин на нелегалната миграција“, изјави Меркел, која ги увери Италија и Грција во понатамошната поддршка во миграциската политика и истакна забележлив напредок во борбата со неа во споредба со минатата година.

Според неа во последната година се забележува значителен напредок во борбата против нелегалната миграција. Таа тврди дека треба да се склучат договори со Африка, Пакистан и Авганистан, за да стане јасно дека луѓето кои немаат право да престојуваат во Европа, треба да се вратат во земјите од кои дошле.

Според податоците на Високиот комесаријат во првите осум месеци од годинава бројот на мигрантите, кои поминале низ Медитеранот, за да влезат во Европа, е над 300 000. Тие се упатуваат главно кон Италија.

Слично

Поврзани вести