Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Европа е на пат да ја надмине должничката криза

Меркел: Европа е на пат да ја надмине должничката криза
Постигнати се успеси во регулирањето на финансиските пазари на национално и европско ниво. Сите европски земји ја зголемуваат својата конкурентска способност, а во земјите во криза е забележан значителен напредок, смета германската канцеларка, Ангела Меркел, јави ДПА. Cпоред неа, должничката криза во Европа се уште не е надмината, но има позитивни тенденции во економскиот развој. „Во проблематичните земји од еврозоната дефицитот на државните буџети е значително намален. Задржувањето на стабилоста на еврото останува главна задача на земјите од еврозоната“ - изјави Меркел. Таа ја исклучи можноста за нов договор за преструктуирање на грчкиот долг, предупредувајќи дека последиците од таквото решение негативно би се одразиле на европските финансиски пазари.
Слично

Поврзани вести