Меркел е за „разумен пакет мерки“ кои ќе ја задржат Велика Британија во ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел е за постигнување на „разумен пакет мерки“, кои ќе ја задржат Британија во рамките на Европската унија (ЕУ).
Оваа изјава таа ја дала пред вечерата со британскиот премиер Дејвид Камерон во Германија во средата вечерта.
„Во овие наредни недели е особено важно ние да донесеме решенија за наш сопствен интерес, за да се постигне разумен пакет, кој ќе и овозможи на Велика Британија да остане дел од Европската унија“, изјавила Меркел, додавајќи дека „на крајот, тоа е , се разбира, одлуката на британските граѓани“.
Од нејзините зборови е јасно уште дека лидерите на ЕУ им дале на службените лица рок до февруари да ги утврдат деталите на договорот.
Анкета минатиот месец покажа дека поддршката на Британците „за останување во ЕУ“ ќе се намали значително, ако Камерон не успее да договори сигурни мерки за ограничување на социјалната помош за луѓето кои бараат работа и да се осигура дека финансиска доминација на Лондон нема да биде загрозена од поблиска интеграција со еврозоната, на која Велика Британија не е член.
Повеќето Британци, кои веќе се одлучиле како да гласаат на референдумот за членството на нивната земја во ЕУ, би гласале за тоа Велика Британија да ја напушти Унијата, покажува денешната објавена анкета на агенцијата „Дпинин рисрч бизнис“, цитирано од агенциите .
Иако 21 отсто од гласачите уште не се одлучиле, 43 проценти сакаат Велика Британија да ја напушти ЕУ, а 36 отсто се за останување. Ако бидат оставени настрана и се двоумат, процентот на луѓето кои сакаат отцепување од блокот пред една година бил 51 проценти, а сега е 54 проценти. Овој на оние кои сакаат нивната земја да остане во ЕУ пред една година беше 49 отсто, а сега е 46 проценти.
Камерон побара поддршка од Германија
Истовремено британскиот премиер Дејвид Камерон побарал поддршка од Германија за бараните промени од Велика Британија во Европската унија, бидејќи смета дека тие може да бидат корисни за целиот блок.
Според Камерон веќе неколку години се забележува пад на поддршка за ЕУ помеѓу Британците. „Поради оваа причина јас барам за тоа да бидат прифатени промените, во согласност со загриженоста на британските граѓани“, пишува Камерон во статија за германскиот весник „Билд“, цитирана од агенциите.
„Овие промени ќе бидат од корист и на ЕУ, а Германија може да помогне за нивно спроведување“, истакнува британскиот лидер, кој сака да се стави крај на бирократијата во ЕУ и да се даде поголеми овластувања на земјите членки.
„Сакаме јасни правила, за да не им наштетат на реформите во еврозоната и на земјите кои не се дел од неа“, додал Камерон.
„Велика Британија исто како Германија верува во принципот за слободно движење на работниците. Но, тоа не значи дека човек има право уште од првиот ден да ги добие сите бенефиции. Затоа јас предложив ограничување да има за првите четири години“, пишува британскиот премиер.
Камерон ќе се сретне во четврток со раководството на Христијанскоцијалната унија - баварска филијала во конзервативниот блок ХДЗ / ЦСУ. Потоа тој ќе замине за Будимпешта за да разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан и за барањата на Велика Британија како и договорените услови на членството во ЕУ.
