Меркел: Доста беше простување, Грција мора да го плати долгот
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги отфрлила изгледите за отпис на долгот на Атина.
„Имаше веќе доволно простувања на долгот кон приватните кредитори, банките веќе ги намалија милијардите од грчкиот долг“, рекла Меркел во интервју за „Hamburger Abendblatt“, кое е објавено денеска.
„Европа ќе продолжи да покажува солидарност со Грција, како и со другите земји тешко погодени од кризата ако тие земји спроведуваат реформи и мерки на намалување на трошоците“, рекла Меркел.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе ја посети Италија, а Франција во среда и четврток, но нема непосредни планови да ја посети и Германија.
Слично
