Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Додатни санкции за Русија не се планирани

Меркел: Додатни санкции за Русија не се планирани

ЕУ не предвидува воведување на нови санкции за Русија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, додека состојбата на истокот од Украина секојдневно се влошува од одржувањето на изборите во сепаратистичко проруските области Доњецк и Луганск.

Меркел најави можност за проширување на листата на проруските украински претставници против кои ќе бидат воведени санкциите од ЕУ. Но, „освен тоа никакви нови економски санкции во овој момент не се предвидени“, рекла таа во Берлин.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини претходно, после состанокот со германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер, најави одржување на министерски состанок во Брисел во понеделникот на кој ќе се разгледува евентуално воведување на нови санкции, но „пред се начини на поддршка на Украина во тешкиот момент“.

Слично

Поврзани вести