Меркел: Брзо формирање влада во 2018 година и поголемо меѓусебно почитување
Германската канцеларка, Aнгела Меркел посакува брзо формирање влада во 2018 година и поголемо меѓусебно „почитување во широка смисла“.
Меркел е загрижена поради единството во Германија.
„Некои дури зборуваат за јаз кој минува низ нашето општество. „Едни велат: Германија е прекрасна земја, силна и економски успешна, со отворено и разнолико општество“- нагласува Меркел.
Тоа, според Меркел, се две лица на реалноста – успех и самодоверба, но и страв и сомнеж.
„На политичарите им е дадена задача да се грижат за предизвиците кои со себе ги носи иднината и притоа да ги имаат предвид потребите на сите граѓани“- рече Меркел.
Таа вети дека ќе се заземе за справување со растечките социјални разлики во германското општество и дека ќе работи за составување стабилна влада.
Слично
