Меркел бара да се применат новите санкции на Русија
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја повика Европската унија веднаш да ги примени воведените санкции на Русија затоа што мировниот план за истокот на Украина уште не е целосно спроведен.
ЕУ го одобри воведувањето на новите санкции на Русија поради украинската криза, но прецизираше дека ќе почека неколку дена со спроведувањето на казнивите мерки за да и даде време на Москва да ги продлжи мировните напори.
Меркел во парламентот истакна дека е важно мировниот план кој го изработиле Украина и Русија, да биде спроведен и додала дека „прекинот на огнот и ослободувањето на заробениците се само две од 12 точки“ на планот.
Останатите точки вклучуваат повлекување на руските војници од регионот и можност жителите на Доњецк и Луганск сами да одлучат за идниот статус на тие региони на истокот од Украина, додава Меркел.
Таа исто така рекла дека иако „нема 100 одсто прекин на огнот, но постои подобрување“ на состојбата на теренот, и укажа на изоставување на останатите точки од мировниот план.
Во тоа светло „поддржуваме да бидат објавени санкциите и се надевам дека одлуката наскоро ќе биде донесена“, рекла Меркел.
Усвоените санкции стапуваат на сила дури тогаш кога ќе бидат обајвени во Службениот гласник на ЕУ.
Украинските власти и проруските бунтовници потпишаа во петокот во Минск спогодба за прекин на огнот.
