Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел бара Асад да биде вклучен во напорите за решавање на сирискиот конфликт

Меркел бара Асад да биде вклучен во напорите за решавање на сирискиот конфликт

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека треба да се разговара со сирискиот претседател Башар ал Асад, за да се најде решение за конфликтот, кој ја уништува земјата и тера многу луѓе да емигрираат на многу места низ светот.

„Треба да се разговара со многу играчи и тоа го вклучува Асад, но и други. Треба да се преговара не само со САД и Русија, но и со важните регионални партнери, сунитските земји како Саудиска Арабија“, изјавила Меркел на прес-конференција во Брисел по вонредниот Европски совет за миграцијата.

Запрашан за сирискиот конфликт, францускиот претседател Франсоа Оланд повторно изјавил дека „Безредието во Сирија не може да се помине низ Башар ал Асад“. „Не може да има успешна транзиција без неговото повлекување“, изјавил тој.
Слично

Поврзани вести