Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел бара да престане конфликтот во Либија

Меркел бара  да престане конфликтот во Либија

Африканската унија треба да го користи своето влијание за да помогне за регулирање на конфликтот во Либија. Ова го изјави денеска германската канцеларка,  Ангела Меркел за време на посетата на етиопската престолнина Адис Абеба. 

„Јас дефинитивно го поддржувам тоа Африканската унија да го користи своето влијание за да помогне за регулирање на конфликтот во Либија"- рече таа.

Меркел изјави дека Либија е „тажен пример" за последиците од уништувањето на државните структури. Таа исто така ги повика африканските земји да ги зајакнат напорите за сузбивање на борците на исламистичките групи на континентот, како и илегалната миграција.

Пред да пристигне во Етиопија, Меркел ги посети Мали и Нигер, каде што разговараше за зајакнување на безбедноста во регионот. 

Таа смета дека ако економски зајакне регионот, нема да има миграција кон Европа. 


Слично

Поврзани вести