Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Ако нема солидарност во миграциската политика ќе биде лошо за европската кохезија

Меркел: Ако нема солидарност во миграциската политика ќе биде лошо за европската кохезија

Ако нема солидарност во миграциската политика, нема да ја има ниту во другите области и тоа ќе биде лошо за европската кохезија, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел во весникот „Франкфуртер Алгемајне Зонтагс-Цајтунг“. 

Таа алудира  на неколку земји членки на Унијата, кои добиваат милијарди евра, а одбиваат да примат баратели на азил. Неколку земји од источниот блок, како Унгарија, Словачка и Чешка го критикуваа механизмот за наметнување квоти, а минатата недела Европскиот суд на правдата ги отфрли нивните жалби и потврди дека Брисел има право да ги присилува земјите членки да примат мигранти. 

Меркел заради отворните врати за бегалците доби критики како во својата земја, така и од други европски лидери. Неодамна на митинг во својата земја таа беше гаѓана со домати. 

Слично

Поврзани вести