Меркел: Ако има договор за климатските промени, сите треба да го почитуваат
Меѓународен договор за борба против климатските промени треба задолжително да се почитува од сите страни. Тоа го изјавила денеска германската канцеларка Ангела Меркел на првиот ден од светската конференција за климата во Париз.
Канцеларката потсети дека светската заедница се наоѓа „во тешки услови“.
„Лидерите имаат можност со сите разлики на интереси да испратат заеднички и координиран сигнал - сигнал, кој ќе стане одлучувачки по прашањето за иднината на нашата планета“, изјавила Меркел.
Конференцијата, во која учество ќе земат лидерите на 150 држави, ќе трае до 11 декември.
Договорот за намалување на товарот врз климатскиот систем, треба да биде „амбициозен, сеопфатен, задолжителен и чесен“, додала канцеларката, додавајќи дека е потребна транспарентност во однос на процесот на мерење на стакленичките гасови.
Таа исто така изјавила дека меѓународната заедница треба да ги поддржува финансиско сиромашните држави, за да можат и тие да направат големи чекори по патот на одржливиот развој.
