Меркел шокирана од предлогот на Путин: Тој ќе го загрози цел Балкан!
„Фајненшл Тајмс“ пишува дека Ангела Меркел канцеларката на Германија, ги заладила своите односи со Владимир Путин, рускиот претседател, откако Путин и рекол дека „Киев би можел да го реши својот проблем со примена на чеченскиот рецепт“.
Имено, според пишувањето на овој весник, Путин и рекол на Меркел дека Киев би можел да ја смири војната во Украина така што киевските власти би го направиле она што Москва го направила со Чеченија, а тоа е да им понуди „пари и автономија“.
Меркел била шокирана од ваквиот предлог и изјавила, пишува „Фајненшл Тајмс“дека со својата политика „Путин ќе ја загрози Грузија и цел Балкан“.
Овој весник наведува дека блиските и добри пријателски односи на Меркел и путин траеле многу долго, но сега е очигледно по многу работи дека на тоа блиско пријателство му дошол крајот, односно дека работите се промениле.
