Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерцедес ќе вложи 2,7 милијарди долари на ширење на бзинисот во Кина

Мерцедес ќе вложи 2,7 милијарди долари на ширење на бзинисот во Кина

Во наредните две години германскиот производител на автомобили Мерцедес ќе вложи 2,7 милијарди долари на ширење на бзинисот во Кина.

Мерцедес ќе обнови 20 модели со надеж дека ќе ја зголеми продажбата на светскиот пазар на автомобили за една третина.

Целта, според управата на компанијата е продажбата да се зголеми на повеќе од 300 илјади возила до 2015 година.

Доколку се оствари планот, Кина за Мерцедес ќе стане најголем пазар. Сега е на третото место зад Германија и САД.

Мерцедес до крајот на оваа недела ќе го претстави модернизираниот модел “седан Е класа“. Во третото тримесечие на оваа година Мерцедес ќе ја пушти и новата верзија на „седан С класа“, а во наредната година од производствените линии ќе почнуваат да доаѓаат и пристапните мали „кросовер“ возила ГЛА.

Слично

Поврзани вести