Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерцедес и Гугл работат на состав на навигација надвор од автомобилите

Мерцедес и Гугл работат на состав на навигација надвор од автомобилите
Мерцедес и Гугл работат на употреба на Google Glass за навигација надвор од автомобилите, пишува Mashable. Тој состав би требало да им помогне на возачите да се снаоѓаат во просторот и откако ќе го напуштат автомобилот. Мерцедес веќе има функционирачки прототип на составот и работи со Гугл како би го претвориле во стварност. Паметните наочари на Гугл во моментов се достапни само на мал број корисници, т.н. Глас експлорери. Уредот кој предизвика големо внимание во јавноста треба да им биде достапен на сите во 2014 година. - Овие уреди дефинитивно ги гледаме како нов тренд во индустријата кој ни е особено важен. Работам со Глас околу шест месеци и редовно се состанувам со екипата од Гугл - вели во разговор за Wired Johann Jungwirth, главниот и извршен директор на Мерцедес за истражување и развој за Cеверна Америка.
Слично

Поврзани вести