Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mercedes го удвои водството во продажбата на луксузни автомобили во САД

Mercedes го удвои водството во продажбата на луксузни автомобили во САД
Mercedes- Benz има продадено 4.895 автомобили од  моделот CLA купе кој чини 29.900 долари во првиот месец по пуштањето на автомобилот на американскиот пазар , што му помогна на брендот да оствари 25% раст на продажбата за октомври и да ја удвои предноста на пазарот на луксузни автомобили во странство , пишува Bloomberg . Вкупниот број продадени автомобили од марката Mercedes порасна до 30 069 , откако продажбата на E -Class скокна за 23% на годишна основа , соопштија од Daimler AG . Марката BMW на Bayerische Motoren Werke AG оствари продажба од 27 574 возила , или оствари раст од 4,2 % . Моделот CLA кој е најевтин на Mercedes во САД , им помогна на брендот да ја зголеми предноста во продажбата од почетокот на годината пред BMW до 4 986 автомобили, во споредба со 2 491 до септември . Mercedes има продадено 245 125 автомобили во САД од почетокот на годината наспроти 240 139 за BMW . Така Mercedes се обидува да стави крај на серијата од две години , во кои BMW беше лидер во продажбата на луксузни автомобили во САД .  
Слично

Поврзани вести