Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mercedes-Benz казнет со три милиони евра за манипулирање со цените

Mercedes-Benz казнет со три милиони евра за манипулирање со цените
Делот Mercedes-Benz кој е на  Daimler и три од овластените дилери на компанијата во Велика Британија се казнети со вкупно 2,6 милиони фунти (3,0 милиони евра), откако британското антимонополски тело откри манипулации во цените. Повеќе од три години по почетокот на истрагата за Mercedes и нејзините дилери, како што објавија од британскиот антимонополски орган признале дека ги прекршиле одредбите за заштита од конкуренција Прекршоците вклучуваат "поделба на удел на пазарот, координирање на цените и размена на доверливи информации" во период од над две години меѓу јануари 2008 и јануари 2010 година Според информациите објавени во британскиоте медиуми, Mercedes ќе плати 1,5 милиони фунти (1,73 милиони евра) од казната. Дилерите Road Range, Ciceley Commercials и Enza Motors кои што продаваат автомобили главно во Cеверна Англија, Велс и Шкотска, ќе го платат останатиот дел од казната.
Слично

Поврзани вести