Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерц вели дека Украина веројатно ќе мора да се откаже од територија за да влезе во ЕУ

Мерц вели дека Украина веројатно ќе мора да се откаже од територија за да влезе во ЕУ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина можеби ќе се соочи со тешка одлука – дел од нејзината територија да остане надвор од контрола на Киев, доколку тоа значи отворање на патот кон членство во Европска Унија.

Мерц оцени дека во одреден момент ќе мора да се постигне договор со Русија.

„Во одреден момент Украина ќе потпише прекин на огнот, а потоа и мировен договор. Тогаш можеби дел од територијата повеќе нема да биде украинска“, изјави тој.

Мерц посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да побара поддршка од граѓаните преку референдум за ваков договор.

„Ако Зеленски сака да добие мнозинство, мора истовремено да им каже дека им го отвора патот кон Европа“, додаде германскиот канцелар.

И покрај поддршката за европската перспектива на Украина, Мерц предупреди дека членството не може да се случи брзо.

„Плановите за влез во ЕУ во 2027 или дури 2028 година не се реални“, нагласи тој. 

Како можно решение, Мерц предложи т.н. претпристапен модел – Украина да учествува во институциите на ЕУ како набљудувач, но без право на глас.

Овој пристап, според него, веќе добил поддршка од дел од европските лидери на неодамнешниот самит во Кипар, на кој присуствувал и Зеленски.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести