Мерц: Никогаш не беше донесена заедничка одлука дали воопшто треба да се дејствува против Иран
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денеска потврди дека Германија нема да се вклучи во војната на САД и Израел против Иран. Кажа дека сојузниците не ја консултирале Германија пред почетокот на конфликтот.
Мерц појасни дека одлуката е заснована на германскиот устав.
„Според нашиот Темелен закон, потребен е мандат од Обединетите нации, Европската унија или НАТО, а ние го немаме. Затоа од самиот почеток беше јасно дека ова не е задача за НАТО. НАТО служи за одбрана, не за напади“, рече тој.
Мерц нагласи дека Германија не била вклучена во одлуките што претходеле на конфликтот.
„Никогаш не беше донесена заедничка одлука дали воопшто треба да се дејствува против Иран. Затоа прашањето за германски воен ангажман воопшто не се поставува“, заклучи канцеларот.
Американскиот претседател Доналд Трамп повика сојузници да испратат воени бродови за заштита на Хормутскиот теснец.
