Мерц го нарече Путин најголем воен злосторник на нашето време, Кремљ се јави со реакција
Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировни преговори околу Украина треба да се игнорираат, откако тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „можеби најтешкиот воен злосторник на нашето време“.
„Речиси е невозможно да се земат предвид ставовите на Мерц по неговите последни изјави“, изјави портпаролот Дмитриј Песков за време на посетата на Кина, реагирајќи на предлогот мировните преговори да се одржат во Женева.
Мерц вчера во интервју нагласи дека за луѓе како Путин „нема место за попустливост“. Тој и претходно ја обвинуваше Русија за „сериозни воени злосторства“ и за „терор врз цивилното население“, но ова е првпат директно да го означи рускиот претседател како потенцијално најтежок воен злосторник на денешницата.
Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин под сомнение за незаконска депортација на украински деца.
foto Facebook/Friedrich Merz
