Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерц даде предлог како Украина може да влезе во ЕУ

Мерц даде предлог како Украина може да влезе во ЕУ

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денеска изјави дека предложил претпристапен процес за Украина што ќе ја доближи земјата до Европската Унија (ЕУ), додавајќи дека сличен процес би можел да следи и во однос на пристапувањето кон Унијата на земјите од Западен Балкан, од кои дел е и Македонија, пренесе порталот „Политико“.

Мерц наведува дека претпристапниот процес на Украина би вклучувал на пример учество на земјата во Европскиот совет, Европскиот парламент или Европската комисија (ЕК), но без право на глас.

Овој процес, како што додава, тој би бил еден вид стратегија, чија крајна цел треба да биде полноправно членство на Украина во Европската Унија.

„Предложив сега да почнеме процес во рамките на Европската Унија што вклучува стратегија за доближување на Украина до Европската Унија, чија крајна цел, секако, треба да биде полноправно членство“, цитира „Политико“, дел од изјавата на германскиот канцелар.

Во неа тој додава дека за предлогот добил силна поддршка од своите европски колеги, но како што наведува главна пречка е пристапот на Киев до внатрешниот пазар на Унијата – кој, според Мерц, може да биде ограничен на одредени области, со цел да се реши загриженоста што постои кај некои земји членки.

„Процесот на пристапување на Западен Балкан би можел да следи сличен пат“, вели Мерц, според „Политико“.

Украинските власти сакаат да ја видат земјата што поскоро во ЕУ. 

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, на денешниот неформален Самит на Европска Унија, што се одржува на Кипар, изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови за членство, како што се бара од земјите од Западен Балкан.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести