МЕРЦ: Бундесверот мора да стане најсилната конвенционална армија на континентот
Германскиот канцелар Фридрих Мерц вели дека светот повторно ќе се восхитува на Германија.
„Бундесверот мора да стане најсилната конвенционална армија на континентот“, изјави Мерц пред пратениците во Бундестагот.
Тој нагласи дека јакнењето на германските вооружени сили е приоритет на новата влада.
„Мораме да можеме да се одбраниме – за да не мора да водиме војна“, додаде тој.
За таа цел, владата веќе одлучила да формира посебен фонд од околу 500 милијарди евра наменет за одбраната.
Мерц вети цврста поддршка за Украина, нагласувајќи дека Германија ќе стои „рамо до рамо“ со украинскиот народ. Но, истовремено нагласи дека нема да дозволи Германија да биде вовлечена директно во конфликтот.
Тој апелираше до нацијата да се обедини за државата да тргне напред, на своето прво обраќање во Парламентот, една недела по преземањето на функцијата.
„Државата сме сите ние. Можеме да ги надминеме сите предизвици, без разлика колку се големи, со наши лични напори“, изјави тој во Бундестагот.
Во говорот тој вети дека ќе донесе „просперитет за сите“ и кажа дека е уверен дека земјата може да се претвори во „локомотива за раст“ што ќе се восхитува низ целиот свет. Мерц вети даночни олеснувања, инвестиции во инфраструктурата и намалување на бирократијата.
foto Facebook/Friedrich Merz
