Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерачите за радијација во Чернобил не работат

Мерачите за радијација во Чернобил не работат

Мерачите за радијација околу централата во Чернобил престанаа да работат. 

Информацијата денеска ја соопшти Украинската агенција за нуклеарна енергија.

Агенцијата наведува и дека во тој регион нема повеќе пожарникари кои би можеле да ги заштитат шумите, озрачени поради децениската радиоактивност, во време кога температурата на воздухот расте.

Украинската агенција наведува и дека оваа комбинација на ризици може да значи значително влошување на способноста за контрола на ширењето на радијацијата во претстојниот период, не само во Украина, туку и надвор од нејзините граници.

Локацијата на нуклеарната централа во Чернобил, каде што експлозијата во 1986 година доведе до најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на планетата, беше заземена од руските сили на 25 февруари, ден по почетокот на инвазијата на Украина.

Раководството на централата во Чернобил вчера објави дека персоналот во Чернобил е ротиран за прв пат по речиси еден месец.

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести