Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мелони вели дека не треба да му се попушта на Путин

Мелони вели дека не треба да му се попушта на Путин

Италија ги отфрла уцените на Русија и дава поддршка на Украина. 

Премиерката Џорџа Мелони вели дека новата италијанска влада нема да се согласи со уцените на рускиот претседател Владимир Путин. Таа кажа дека земјата се соочува со некои од најтешките предизвици од Втората светска војна.

Мелони нагласи дека ќе ја продолжи политиката на поранешниот премиер Марио Драги во поддршката на Украина во нејзиниот конфликт со Русија.

„Попуштањето на уцените на Путин за изворите на енергија нема да го реши проблемот, туку ќе го влоши, отворајќи го патот за понатамошни барања и уцени“, рече Мелони.

Премиерката вели дека нејзината националистичка, десничарска коалиција ќе направи нејзиниот глас да се слушне во Европа и дека не и треба никаков надзор од странски влади, објави Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон деновиве рече дека Украина сама ќе да одлучи за времето и условите за мир со Русија и предупреди дека крајот на војната „не може да биде осветување на законот на најсилниот“. 

Слично

Поврзани вести