Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МЕЛОНИ Е ПРОСТИТУТКА НА ТРАМП!“: Скандал во Италија, тешка навреда кон италијанската премиерка, еве како им врати

„МЕЛОНИ Е ПРОСТИТУТКА НА ТРАМП!“: Скандал во Италија, тешка навреда кон италијанската премиерка, еве како им врати

Италијанската премиерка Џорџо Мелони беше жестоко нападната од Маурицио Ландини, генералниот секретар на вториот најголем синдикат во земјата (CGIL). 

Тој искажа тешки зборови при телевизиско гостување, а неговите изјави во емисија во која ја критикуваше за нејзиниот став кон Газа, предизвикаа лавина рекации на социјалните мрежи.

Имено, за време на телевизиско појавување, Ландини, зборувајќи за италијанскиот став кон Газа и пропалестинските демонстрации, изјави дека „работниците ја бранат честа на оваа земја“.

„Италијанските работници излегоа на улица за да ја бранат честа на Италија во име на братството и демократијата. Мелони не го направи тоа - таа само се играше како проститутка на Трамп и не мрдна со прст. „За среќа, имаше италијански граѓани кои излегоа на улица и ја бранеа честа и достоинството на оваа земја“, рече Ландини.

Но, на навредите од синдикалниот лидер, италијанскиот премиерка не остана должна, па кратко време по неговите зборови, реагираше на социјалните мрежи..

„Еве уште еден одличен пример за левицата - онаа што со децении ни држи предавања за почитување на жените, но потоа, кога треба да критикуваат жена, ја нарекуваат проститутка поради недостаток на аргументи“, рече Мелони.


Дополнително, на почетокот на октомври, Мелони изјави дека таа и двајца од нејзините министри биле пријавени во Меѓународниот кривичен суд за „соучество во геноцидот во Газа“.

Протестите за Газа траат во Италија со месеци, а најголемите се одржаа на почетокот на овој месец, кога околу два милиони луѓе излегоа на улиците низ целата земја.


Слично

Поврзани вести