Мелник: Има живот пред и по 24 февруари, Tретата светска војна започна
Светот стравува од Трета светска војна. Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник даде интервју за германски „Билд“ во кое вели дека таа војна е веќе почната.
„Светлината исчезна. Шетањето и уживањето на сонце изгледаат непримерно во ваква ситуација. Има живот пред и по 24 февруари. Треба да можеш да се смееш, инаку ќе полудиш. Но, мене ми е многу тешко, како и на сите во Украина. Поминав многу непроспиени ноќи размислувајќи за ужасните воени злосторства што Русите ги прават во мојата татковина“, вели Мелник.
Кажа дека оваа војна влијае на сите.
„Третата светска војна веќе започна. Нападот на Путин на Украина влијае на сите. И на Германија, иако сè уште не воено. На сите треба да им биде јасно: Путин сака империјалистички светски поредок со намален НАТО сојуз, сојуз каде Полска, Чешка и Словенија веќе не би биле членки“, рече тој.
Додава дека на Украина и треба модерно оружје, а од Германија добила тенкови стари по 40 години.
Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Властите истражуваат илјадници воени злосторства.Foto: © Wolf Lux @wolf_lux_photograph
