Меланија би избегала од Трамп кога би можела
Првата дама на САД Меланија Трамп, по интервјуто на порно ѕвездата Сторми Дениелс која тврди дека имала љубовна афера со претседателот Доналд Трамп, избегнува заеднички јавни појавувања.
Нејзината портпаролка Стефани Гришам посочи дека сега Меланија Трамп е посветена на мајчинството и дека ужива во пролетниот распуст на имотот Мар а Лаго на Флорида.
Сепак, извори блиски до Белата куќа, тврдат дека Меланија е многу несреќна за бројните афери кои Доналд ги имал додека тие ја започнувале брачната врска, а таа со Плејбој зајачицата Карен Мекдугал е непосредно откако се породила со нивниот син Барон.
Сторми Дениелс во интервјуто за CNN откри многу детали од сексуалната афера која ја имала со Трамп, како и тоа дека маж и се заканил пред нејзината малолетна ќерка да молчи и да не открива ништо.
За да биде ситуацијата побизарна Трамп заедно со неговата сопруга Меланија и ќерката Иванка присуствувал на Плејбој забава каде била присутна екс моделката Мекдугал.
Се погласни се шпекулациите дека можно е Меланија да побара развод од Доналд Трамп уште пред да му заврши првиот мандат како претседател на САД.
