Мексико му враќа на Трамп - Кинези на граница со САД
Мексико направи договор за изградба на фабрика за автомобили на границата со САД и тоа со кинеската компанија JAC.
Договорот чини 212 милиони долари. Гувернерот на централната покрина Хидалго, Омар Фајад вели дека со работа фабриката ќе почне во втората половина на годината.
Фабриката на почеток ќе има капацитет за 11.000 автомобили годишно, а со тек на време таа бројка ќе се искачи на 40.000. Ќе се отворат 1.000 директни работни места и 4.500 индиректни работни места.
Фајад смета дека ова е чекор напред во диверзификција на извозот.
Ова се случува во период на неизвесност меѓу САД и Мексико, а САД добива 80% од мексиканскиот извоз.
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави нови царински и фискални мерки.
Слично
