Мексико ќе воведе нови даноци за брза храна
До усвојување на нови даноци на брза храна и газирани пијалоци е близу Парламентот на Мексико, откако Владата покрена кампања за борба против се поголемиот број луѓе со прекумерна тежина.
Мексико има една од највисоките стапки на луѓе со пркеумерна тежина во светот.
Претседателот на Мексико Енрике Пена Нието објави план според кој производите кои се во стандардот со помал број калории ќе се означуваат со „печат за нутриционистички квалитет“.
Сенатот на Мексико одобри данок од осум отсто на висококалорична храна - храна која содржи од 275 калории на сто грама.
Стапката е повисока од првобитното решение - пет отсто, а мора да ја усвои и Долниот дом на Парламентот.
Двата дома на Конгресот се договорија за данок од еден пезос (осум американски центи) за литар газиран пијалак, што предивика незадоволство кај производителите на тие пијалаци.
Мекиско е една од државите во која најмногу се конзумираат газирани пијалаци, во просек 163 литри годишно по лице. Нешто помалку од една третина возразни Мексиканци се со прекумерна тежина.
