Мексиканските власти ја спречуваат истрагата за исчезнатите студенти?
Деветнаесет месеци по исчезнувањето на 43 студенти во Мексико, полицијата во државата Гереро беше обвинета за соработка со организираниот криминал.
Експерти од Интерамериканската комисија за човекови права одржаа прес-конференција, која траеше два и пол часа и на која присуствуваа над 1000 луѓе. Тие посочија дека нивните напори да соберат докази за случајот биле блокирани во неколку наврати од мексиканските власти. Студентите исчезнаа на 26 септември 2014 година. Студентите од установата која е поврзана со политичката левица, биле киднапирани во автобуси. Тие сакале да одат на митинг во главниот град. Во акцијата на полицијата за одвраќање на студентите се убиени шестмина.
Во извештајот на меѓународните експерти мексиканските власти се осомничени за сериозни злоупотреби. Не е јасно исто каква улога имале армијата и федералната полиција во наводните злосторства.
Случајот со студентите го привлече вниманието на меѓународната заедница и предизвика протести и негодување во Мексико, каде една деценија се води нарковојна, а во делови на земјата владее беззаконие.
